Два силни земјотреси рано утринава го погодија југот на Турција долж границата со Сирија, оставајќи зад себе разурнувања и пустошења. Првиот силен земјотрес бил почувствуван околу три часот по полноќ и според сеизмолошките податоци бил со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала. Набрзо потоа, околу час и половина подоцна, следел малку послаб удар од 6,7 степени според Рихтеровата скала.

Како што е соопштено, земјотресот бил на длабочина од 10 километри на самата граница на Сирија и Турција.

Најмногу настрадал градот Газинтеп каде што, буквално како кула од карти, се урнаа голем број куќи и згради.

На видеата објавени на социјалните мрежи, може да се види како одеднаш се слуша силен татнеж и земјата почнуваа да се тресе.

Според првите прелиминарни податоци, над 130 згради се урнати, а бројот на загинати и повредени се зголемува од час во час.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.