Рускиот претседател Владимир Путин ја обвини Украина дека е поврзана со нападот на концертната сала во Москва.

Путин во обраќањето до граѓаните по синоќешниот трагичен напад кажа дека сите четири лица директно вклучени во нападот се приведени и посочи дека при бегството се обиделе да преминат преку границата во Украина.

Истото тврдење претходно го истакна и шефот на Федералната служба за безбедност (ФСБ), Александар Бортников.

Рускиот претседател додаде дека по крвавиот терористички напад, во целата земја се воведени дополнителни безбедносни мерки.

Официјален Киев ги демантираше ваквите тврдења на руските претставници, а негирање за учество на Украина во терористичкиот напад, брзо стигна и од американски официјални претставници.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.