Земјите од Европската Унија, кои граничат со Русија и Белорусија, забранија влез на камиони регистрирани во тие две земји, кои превезуваат одредена стока.

Руската царинска служба соопшти дека возилата што се користат за меѓународен транспорт, а се со руски и белоруски регистарски таблички, нема да можат да превезуваат стока на територијата на ЕУ, пренесува Ројтерс.

Според достапните информации, ограничувањата сè уште не важат за патниот товарен транспорт што испорачува фармацевтски, медицински, прехранбени и земјоделски производи, вклучително пченица, енергија, обоени метали и ѓубрива, соопшти царинската служба.

Транзитот од Русија до руската енклава Калининград се уште е отворен за возила регистрирани во Русија.

ЕУ, во петокот формално усвои нови санкции кон Русија, вклучително и забрана за увоз на јаглен, дрво, хемикалии и други производи, исто така спречувајќи многу руски бродови и камиони да влезат во европскиот блок, потсетува Ројтерс.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.