НАТО покрена истрага за кражба на податоци од доверливи воени документи кои хакерска група ги понудила на продажба на интернет, јави Би-Би-Си.

Податоците вклучуваат нацрти за оружје што го користат сојузниците на НАТО во конфликтот во Украина, а хакерите го продаваа преку интернет откако украле податоци од големиот европски производител на оружје, МБДА Мајкл Системс, наведува Би-Би-Си.

Мултинационалната компанија, чие седиште е во Франција, соопшти дека нејзините информации биле хакирани од надворешен хард диск и дека соработува со властите во Италија, каде што се случи пробивањето на податоците, но дека ниту една од доверливите датотеки не припаѓа на компанијата.

Во соопштението, портпаролот на НАТО соопшти дека алијансата „ги проценува тврдењата поврзани со доверливите податоци, наводно украдени од МБДА“. Се наведува и дека „нема индикации дека било која мрежа на НАТО е загрозена“.

Кибер-криминалците, кои работат на руски и англиски форуми, продаваат 80 ГБ украдени податоци за 15 биткоини или околу 18.000 фунти и тврдат дека досега ги продале на барем еден непознат купувач, наведува Би-Би-Си.

Во нивната реклама за продажба, хакерите тврдат дека имаат „доверливи информации за вработени во компании вклучени во развојот на доверливи воени проекти“, како и „проектна документација, цртежи, презентации, видео и фото материјали, договори и кореспонденција со други компании“.

Бесплатниот примерок од 50 МБ од податоците, видени од Би-Би-Си, вклучува документи означени со неколку различни нивоа на класификација што ги користи алијансата, како што се „НАТО доверливи“, „Ограничени на НАТО“ и „Некласифицирани контролирани информации“.

Покрај примерокот, криминалците испратиле е-пошта со дополнителни документи, меѓу кои и два со ознака „ НАТО Тајна“, јави Би-Би-Си.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.