Здружението на пекарите од германската покраина Баден-Виртемберг, бара перекот да стане нематеријално културно наследство на УНЕСКО.

Здружението поднело барање за переците да бидат ставени на националната листа кандидати за нематеријално светско културно наследство. Министерот за земјоделство на Германија, Чем Ездемир при посетата на општината Бад Урах, изјави дека го поддржува тоа барање.

Ќе се залагам за оваа прекугранична иницијатива, бидејќи перекот го има во Баварија, Германија, Швајцарија и Алзас – објасни тој.

Според преданијата, првиот перек го направил дворскиот пекар од гратчето Урах во 1477 година. Грофот Еберхард. Легендата вели дека владетелот му се заканил на пекарот со бесење доколку, во рок од три дена, не испече леб низ којшто сончевите зраци ќе се видат трипати, па пекарот успеал со својот нов изум – перекот, за да си го спаси животот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.