Австралиската полиција соопшти дека запленила дрога метамфетамин, вредна околу 1,1 милијарда американски долари, што е најголемата заплена на наркотици во таа држава. Дрогата била скриена меѓу мермерни плочи во неколку бродски контејнери.

Државната полиција на Нов Јужен Велс, соопшти дека повеќето од 1.800 килограми метамфетамин биле пронајдени во контејнери кои пристигнале од Блискиот Исток во последните недели во пристаништето во Сиднеј.

Способноста што оваа криминална организација ја покажа, во однос на обемот и големината, е огромна. Овие бројки се неверојатни – наведуваат од полицијата на Нов Јужен Велс.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.