Приклучувањето на Финска и Шведска во НАТО ќе има негативни последици за мирот и стабилноста во Северна Европа, оцени денеска руското Министерство за надворешни работи.

Портпаролката Марија Захарова рече дека меѓународната политика на воена неврзаност на Финска и Шведска служи како солидна основа за градење на заемно корисни односи со Русија.

Според Захарова, приклучувањето кон воената алијанса нема да им помогне на Финска и Шведска да ја зајакнат својата безбедност, туку ќе ги доведе до линијата на фронтот.

Изборот зависи од шведските и финските власти, но тие треба да ги сфатат импликациите од таквиот чекор за односите со Русија и воопшто за европската безбедносна архитектура, која моментално е во криза, додаде таа.

Изјавата доаѓа откако Финска и Шведска соопштија дека разгледуваат приклучување кон 30-члената алијанса по војната на Русија во Украина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.