Меѓународниот монетарен фонд (MMF) во својот извештај овој месец објави дека економијата на Руската Федерација подобро се справила со притисоците од санкциите отколку што се очекувало.

Како што се испостави, руската економија е многу поотпорна на санкции отколку што очекуваа многу експерти. По остриот пад во вториот квартал од минатата година, економијата сериозно закрепна во третиот и четвртиот квартал, намалувајќи го падот на производството во текот на 2022 година на 2,1 отсто, наведува ММФ.

Оттаму велат анализираат дека „неочекувано силните резултати“ на крајот на минатата година се поврзуваат со стабилниот извоз на нафта и растот на цената на нафтата.

Сепак, во текот на оваа година ММФ очекува нагло намалување на даночните приходи поради падот на цените на нафтата и гасот, додека БДП се очекува да порасне за 0,7 отсто.

Помошникот на претседателот на Русија, Максим Орешкин, неодамн изјави дека земјата очекува растот на БДП да биде меѓу еден и два отсто.

Економијата на Руската Федерација почна да бележи позитивен тренд во јули минатата година. Платите се очекува да пораснат на крајот на април и на крајот на годината, а државата како стратешка цел го постави формирањето на нов економски модел кој ќе и овозможи на Русија да стане независна, изјави Орешкин.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.