Од 30 во 50 ракети денеска биле истрелани од Либан кон Горна Галилеја, регион во северен Израел, што е најголемиот баражен напад од почетокот на борбите на северната израелска граница.

Како што јавија локалните медиуми на хебрејски јазик, нема извештаи за повредени луѓе во нападот.

На социјалните мрежи се објавени видеа на кои се гледа како голем број ракети се пресретнати над областа.

Претходно во Горна Галилеја се огласиле сирени за предупредување од ракетен напад.

Израелските одбранбени сили претходно соопштија дека со недели има интензивна размена на оган над границата со Либан.

Портпаролот на ИДФ Даниел Хагари на X соопшти дека авион „забележал и нападнал“ противтенковски одред во областа Зераит.

Во текот на ноќта, проектил земја-воздух бил лансиран врз авион на ИДФ на либанска територија, рече тој, додавајќи дека проектилот бил „успешно пресретнат“ од ловци на израелската противвоздушна одбрана.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.