Неколку девојчиња на возраст од 13 до 16 години претепале, малтретирале и понижиле 13-годишно девојче во Хајде во областа Дитмаршен во Германија.  Малтретирањето, кое беше снимено и објавено на интернет, ја разбранува германската јавност, а сега доби и епилог.

Во неделата малтретираното девојче се сретнало со двете деспотки и им простило. Како што пренесува германски „Билд“, девојчето во присуство на нејзината мајка и експертот за злоупотреба Карстен Стал, се сретнало со две од девојките кои ја напаѓале, а тие почнале да плачат веднаш штом ѝ се извиниле.

Никогаш повеќе нема да направиме такво нешто. Жал ни е поради тоа. Извини што ти го направивме тоа. Никогаш повеќе не треба да се плашиш од нас. Ако имаш проблеми, секогаш можеш да дојдеш кај нас, ѝ рекле тие.

Нивните мајки кажала дека ќерките „биле трогнати“ од оваа средба и „сфатиле каква ужасна грешка направиле“.

Не е наведено дали девојките ќе одговараат за насилството.

Девојчето се уште не се вратило на училиште и е на терапија, но според нејзината мајка откако ги прифатила извинувањата се чувствува многу подобро.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.