Овој човек живее во близина на неславниот Чернобил и не планира да замине. Домот на Иван Шамјанок (90) е надвор, но веднаш до забранетата зона на нуклеарната централа. Кога властите ги принудиле локалните жители да избегаат од радиоактивниот облак пред 30 години, Иван и неговата сопруга одбиле.

Шамјанок тврди дека ниту тој, ниту неговата сопруга никогаш не ги почувствувале ефектите на зрачењето.

Засега сè е во ред. Вчера дојдоа лекарите, ме ставија во кревет и ме проверија и мереа. „Тие рекоа: Се‘ е во ред со тебе, дедо“, вели Шамјанок.

Сестра ми живееше тука со нејзиниот сопруг. Тие одлучија да заминат и наскоро се најдоа под земја… Починаа од депресија. Јас не сум депресивен. Малку пеам, малку работам во градината, живеам полека“, раскажува Иван.

Шамјанок вели дека неговиот живот не се променил многу по катастрофата. Тој и неговото семејство продолжиле да јадат зеленчук и овошје што самите ги одгледувале и сè уште чува крави, свињи и кокошки за месо, млеко и јајца.

Сега, откако неговата сопруга починала и децата се отселиле, тој останува сам со неговиот братучед, кој живее на другиот крај на селото.

Ќе се вратат ли луѓето? Не, нема. Оние што го сакаа тоа, веќе се мртви“, вели Иван.

Официјалниот број на луѓе кои починале брзо од влијанието на зрачењето е 31, но сепак, повеќе починале од болести предизвикани од зрачење, како што е рак. Вкупниот број на смртни случаи од долгорочни последици на нуклеарната катастрофа сè уште е причина за интензивна дебата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.