Францускиот претседател, Емануел Макрон, порача дека процесот на пристапување на Украина во ЕУ ќе трае со години, а можеби и со децении.

Макрон изјави дека само од Украина зависи какви услови ќе бидат дефинираат за преговорите со Русија и додаде дека „должност на Европејците е да бидат со Украина“.

Ќе бидеме таму за да ја обновиме Украина како Европејци, засекогаш – изјави Макрон пред Европскиот парламент во Стразбур, каде што се одржува Европската конференција за иднината на Европапренесува „Ројтерс“.

Конференцијата се одржува под покровителство на францускиот претседател и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.