Земјите од Г7 му се заканија на официјален Минск со дополнителни санкции доколку Белорусија поактивно учествува во конфликтот во Украина.

Министрите за надворешни работи на земјите од Г7 го повторија својот повик до белоруските власти да престанат да и помагаат на Москва, вклучително и дозволување на руските вооружени сили да ја користат белоруската територија за лансирање ракети кон Украина, пренесува РИА.

Шефовите на дипломатии на Г7 порачаа дека „доколку земјата поактивно се вклучи во руската војна, белоруските власти ќе платат висока цена“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.