Летонија ќе и испорача ракети „Стингер“ на Украина, а Шпанија борбени тенкови „Леопард 2“ како нова западна воена помош за таа земја во одбрана од Русија.

Министерството за одбрана на Летонија соопшти дека во Украина ќе бидат испратени сите противвоздушни ракети „Стингер“ кои се уште се во вооружените сили на оваа балтичка земја членка на НАТИО. Освен тоа, во Летонија ќе има и поинтензивна обука на украинските војници.

Летонија одговори на барањето на Украина за испорака на системи за противвоздушна одбрана и одлучи да и ги даде на Украина сите преостанати системи „Стингер“. Ќе направиме се да ги испорачаме што е можно поскоро“, изјави министерката за одбрана Инара Мурниеце.

Таа не откри колку парчиња опрема и кога ќе бидат испорачани.

Помош најави и Шпанија, која наскоро на Украина ќе и испорача шест тенкови „Леопард 2“.

По ова ќе следи втор пакет со уште четири тенкови. Ќе ја поддржуваме Украина се додека ѝ е потребно. Тоа вклучува хуманитарна помош, прием на бегалци и снабдување со одбранбено оружје“, изјави министерот за надворешни работи Хозе Мануел Албарес во интервју за германски „Функе“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.