Русија одлучи да спроведе специјална воена операција за Украинците, „ослободени од угнетување на нацизмот, да можат слободно да одлучуваат за својата иднина“, изјави денеска, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

На состанокот со министерот за надворешни работи на самопрогласената Народна Република Луганск, како и со првиот заменик министер за надворешни работи на самопрогласената Народна Република Донецк, Лавров појасни дека рускиот претседател, Владимир Путин, одлучил да спроведе специјална воена операција за демилитаризација и денацификација на Украина.

Според Лавров, Западот го негира фактот за „очигледниот геноцид“ во Украина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.