Москва ќе преземе воено-технички мерки на својата страна од границата доколку Финска и Шведска влезат во НАТО, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Мораме да извлечеме заклучоци од приемот на Финска и Шведска во НАТО, а доколку тоа се случи, ќе преземеме соодветни воено-технички мерки од нашата страна на границата – рече Лавров на годишната прес-конференција на која ги презентираше резултатите од Руската дипломатска активност во 2022 година, пренесува ТАСС.

На 18 мај 2022 година, Хелсинки и Стокхолм ги поднесоа своите апликации за приклучување кон алијансата, но процесот беше блокиран од Турција, барајќи двете земји да ја прогласат курдската организација за терористичка и да ги екстрадираат во Анкара оние осомничени за тероризам и вмешаност во пучот во 2016 година, како и укинување на забраната за испорака на оружје за Турција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.