На социјалните мрежи се појавија топлес фотографии од Ксенија Шојгу, ќерката на рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

На фотографиите Ксенија може да се види како се сонча на плажа на Црното Море, облечена само во црни танга без горен дел, при што го држи стопалото на личноста што ја фотографира.

Фотографиите се појавија само две недели откако Ксенија беше домаќин на рускиот претседател Владимир Путин и нејзиниот татко за време на посетата на Санкт Петербург.

Рускиот министер Сергеј Шојгу е во брак со Ирина Шојгу, а заедно имаат две ќерки Ксенија и Јулија.

Ксенија дипломирала на Економскиот факултет и, според странските медиуми, моментално работи во „Гаспромбанка“.

Јулија, нејзината постара сестра, дипломирала на Факултетот за психологија на Московскиот државен универзитет, а моментално го води Центарот за итна психолошка помош на Министерството за вонредни ситуации на Русија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.