Во изминатите 24 часа во Германија е регистриран нов рекорден број новозаразени со коронавирусот, односно 237.086 лица, што е највисок од почетокот на пандемијата.

Институтот Роберт Кох (РКИ) објави дека има значително зголемување на инциденцата од седум дена, што е исто така рекорд. Седумдневната инциденца достигна 1.496 на 100.000 жители.

Само еден ден претходно беше на 1.439, а пред една недела на 1.220. Експертите посочуваат дека реалниот број на заболени е далеку поголем, поради ограничениот капацитет на здравствените служби, кои често не ги следат контактите на заразените.

Во изминатите 24 часа се пријавени 249 смртни случаи. Од почетокот на пандемијата во Германија, со коронавирусот се заразиле 16.994.744 случаи, а вкупниот број на починати сега достигна 125.521.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.