Конфликтот во Украина е закана да се прошири во соседна Молдавија и во самопрогласената парадржава Придњестровје, која се наоѓа долж молдавско-украинската граница во близина на Одеса.

Како што пушува „Украинска правда“, повикувајќи се на локални воени извори и молдавски медиуми, забележано е прегрупирање на рускиот мировен контингент, како и на вооружените сили на Придњестровје, долж украинската граница во правец на Одеса, која се наоѓа на околу 180 километри од молдавската, односно придњестровската граница.

Рускиот воен контингент во таа самостојна молдавска провинција има 1.500 војници, а придњестровјската армија, според нивните податоци, има околу 7.500 војници, но и околу 80.000 резервисти, за кои, локалните медиуми опбјавуваат дека добиле повици за мобилизација.

Голем дел од жителите на Приднестровје имаат и руско државјанство и со тоа подлежат на руските воени закони. Поради тоа, официјален Киев не ја исклучува можноста тамошните сили да се ставени во готовност поради можни провокации и демонстративни активности долж границата, но и можноста за директоно вмешување во конфликтот во Украина, во случај на руски напад на Одеса, или како учесници или за да го „одвлекуваат вниманието“ на Украинските сили.

Западните аналитичари тврдат дека една од главните цели на рускиот напад на Украина била да се стигне до молдавската граница и „физички“ да се спои со Придњестровје, коешто е создадено уште пред распадот на СССР на почетокот на 1990-тите.

Властите во Приднестровје веќе неколку пати бараа признавање од Русија, а откако Владимир Путин ја призна независноста на Доњецк и Луганск, Тираспол повторно побара да се разгледа нивниот предлог официјална Москва прво да ги признае, а потоа да ги прими во состав на Русија.

По интервенцијата во Украина, западните земји веднаш ја посочија Молдавија (заедно со Грузија) како можна цел на плановите на Путин.  Веднаш на почетокот на конфликтот, молдавската претседателка Маја Санду побара од Брисел итна кандидатура за членство на Молдавија во ЕУ.

Молдавија најави дека не сака да влезе во НАТО и дека е подготвена да одржи неутрален статус по одредени безбедносни граници.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.