Додека американскиот претседател Џо Бајден слетувал во Полска по изненадната посета на Украина, на социјалните мрежи се појави сега веќе вирално видео на кое се гледа како припадник на неговата придружба паѓа по скалите на авионот на аеродромот во Варшава.

„Newsweek“ и други медиуми пренесуваат дека не станува збор за Бајден. На снимката се гледа како мистериозната личност паѓа по скалите држејќи се за оградата, директно на пистата, додека другите луѓе доаѓаат на помош. „Ndtv.com“ пишува дека видеото почнало да добива внимание бидејќи потсетува на моментот кога Бајден во 2021-ва година се сопна и падна на скалите на претседателскиот авион „Air Force 1“.

„Newsweek“ наведува дека не е јасно дали авионот од чии скали паѓа непознатото лице е „Air Force 1“. Но, корисниците на Твитер почнале да шпекулираат дека лицето кое паѓа всушност е Бајден.

Дали Џо Бајден повторно падна по скалите на „Air Force 1″?“, прашува конзервативниот коментатор Бени Џонсон во постот.

„Некој изгледа паѓа од „Air Force 1“. Колкави се шансите тоа да е Џо Бајден“, наведува еден корисник на Твитер.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.