Кина предупреди дека САД би можеле да се соочат со „тешки последици“, вклучително и нуклеарна војна, доколку на Украина ѝ се дозволи да се приклучи на Организацијата на Северноатлантскиот договор (НАТО).

Сите европски земји ќе треперат под сенката на можна нуклеарна војна“, предупреди Пекинг во неделниот воведник на државниот Глобал Тајмс.

„Во тој случај нема да има безбедност за никого, ниту за Украина, ниту за светот“, пишува весникот. „Наместо да бара решение за ставање крај на конфликтот, Вашингтон одново и одново покажа дека САД брзаат во друга насока – разгорувајќи го пламенот на војната“, додаваат тие, иако забележуваат дека ова е неверојатно сценарио.

Претседателот Володимир Зеленски го обнови својот повик за приклучување кон Алијансата додека Русија анектираше четири региони во Украина. Запрашан за барањето на Зеленски за забрзување на членството на Украина во НАТО, американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан минатата недела рече дека сега „не е вистинското време“ и дека барањето „треба да се разгледа во некое друго време“.

Кина го повика НАТО целосно да се повлече од Источна Европа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.