Претседателот на Претставничкиот дом на САД, Кевин Мекарти денеска изјави дека решавањето на кризата на границата меѓу САД и Мексико е повисок приоритет отколку помошта за Украина.

„За мене приоритет се Америка и нашите граници. Го поддржувам испраќањето на оружје на Украина што и е потребно, но силно ја поддржувам заштитата на границите. Затоа мора да најдеме начин да го направиме тоа“, рече Мекарти, гостувајќи на телевизијата Си-Би-Ес.

Тој посочи дека американската граница е важна и дека повеќе Американци гинат на нивните граници отколку во Украина.

-Украина нема да добие голем пакет помош доколку нашата граница не е безбедна, рече Мекарти



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.