Најмалку 35 луѓе ги загубија животите во поплавите и одроните предизвикани од обилните врнежи во североисточниот дел на Бразил.

Во бразилската држава Парнамбуко, загинаа најмалку 33 лица во лизгање на земјиштето предизвикано од поројните врнежи во урбаните средини, додека 765 луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови. Властите во соседната држава Алагоас соопштија дека две лица го загубиле животот во поплавите.

Во декември и почетокот на јануари десетици луѓе загинаа додека десетици илјади луѓе не беа принудени да ги напуштат своите домови поради обилните дождови што ја погодија државата Баија, исто така во североисточниот дел на Бразил.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.