Штетата што Украина ја претрпе досега поради руската инвазија достигна меѓу 564 и 600 милијарди долари, соопшти денеска Киевската школа за економија.

Станува збор за уништени станбени згради и други објекти, инфраструктура и индиректни штети поради падот на бруто домашниот производ, изгубени инвестиции и дополнителни трошоци за одбрана и социјална помош, јавува ББЦ.

Директната штета од уништените објекти и инфраструктура изнесува 105 милијарди долари, а од уништените станбени објекти околу 40 милијарди.

Украинските компании досега претрпеа штета од 11 милијарди долари, од 500 милиони долари само во последните недели.

Досега повеќе од 200 компании, фабрики и други индустриски погони се уништени, оштетени или предадени во рацете на Русија.

Поранешниот украински министер за финансии Тимофеј Милованов за ББЦ изјави дека по завршувањето на војната на државата ќе и бидат потребни околу 750 милијарди долари за реконструкција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.