Смртта на британската кралица Елизабета предизвика огромен број реакции и внимание во светската јавност.

Сепак, освен како историски маркантен настан, со оглед на тоа што последен пат кога починал еден британски монарх беше пред 70 години, смртта на Елизабета втора, предизвика огромни контроверзии поради наводно објавена лажна вест за нејзината смрт.

Со години, во британските медиуми протекуваа детали од Протоколот подготвен во случај на смрт на Кралицата, а овојпат голема бура крена „лажната вест“која велеѓе дека таа починала, пишува „Вашингтон пост“.

Неколку часа пред официјално да биде објавено дека кралицата Елизабета починала, таа информација беше споделена на социјалните мрежи од анкерот на британскиот национален сервис „Би-би-си“, Јалда Хаким, со што беше прекршен предвидениот Протокол, кој предвидува дека таа вест ќе биде објавена во јавноста директно од Бакингемската палата.

Важна вест. Кралицата Елизабета почина на 96 години, информираат од Бакингемската палата – стоеше во објавата на новинарката на „Би-би-си“.

Сепак, брзо по објавата, тој твит беше избришан, а потоа заменет со корекција.

Твитнав дека имало соопштение за смртта на кралицата. Ова беше неточно, немаше соопштение и затоа го избришав твитот – напиша Хаким, во објаснувањето.

Неколку часа по ваквиот „демант“ на новинарот на „Би-би-си“, официјално се огласија од Кралското семејство.

Кралицата умре мирно во Балморал попладнево.

Веб-страницата на кралското семејство стана црна, со едноставна остра слика на кралицата и порака: „Кралица Елизабета II 1926 – 2022 година“.

На тој начин, светската јавност официјално беше известена дека кралицата Елизабета починала.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.