Извозот на гас од руската компанија „Газпром“ надвор од земјите од поранешниот советски блок паднал за 45,5 отсто во 2022 година.

„Газпром“ ги објави овие податоци во анализа на операциите на компанијата во минатата година обележана со нагло намалување на испораката на руски енергетски производи во Европа како резултат на санкциите на Западот поради руската воена операција во Украина.

Извршниот директор на компанијата, Алексеј Милер, објави дека концернот извезол 100,9 милијарди кубни метри гас во 2022 година во земји „далеку во странство“, термин што не ги вклучува поранешните советски републики.

Во 2021 година, „Газпром“ испорачал 181,1 милијарди кубни метри гас во истите тие земји



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.