Руското Министерство за одбрана, соопшти дека најмалку 63 руски војници загинале во украински напад врз град во близина на Доњецк.

Украинските власти соопштија за уште поголем број загинати.

Според портпаролот на руското Министерство за одбрана, генерал Игор Конашенков, кој не го прецизираше точниот датум на нападот, четири ракети го погодиле „привремениот центар“ на руската војска во Макеевка, град под контрола на руските сили, источно од Доњецк.

Руските и украинските медиуми претходно јавија дека нападот на тој град бил извршен во ноќта меѓу саботата и неделата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.