Американскиот производител на чипови „Интел“ ја прекина работата во Русија, приклучувајќи им се на голем број компании кои ја напуштија земјата по нејзината воена акција во Украина.

Корпорацијата, која минатиот месец ги суспендираше испораките кон клиентите во Русија и Белорусија, соопшти дека имплементирала мерки за континуитет на бизнисот за да ги минимизира нарушувањата во нејзините глобални операции, објави „Ројтерс“.

Интел продолжува да ѝ се придружува на глобалната заедница во осудата на руската војна против Украина и повикува на брзо воспоставување мир – соопшти компанијата.

И компјутерскиот гигант ИБМ исто така ги прекина испораките во Русија, откако Украина ги повика американските софтверски компании да го прекинат бизнисот со земјата.

Серверите на ИБМ, „Дел“ и „Хјуит Пакард“ доминираат на рускиот пазар, при што компаниите и владините агенции се потпираат на технологијата развиена на Запад како основа за сопствените ИТ системи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.