Потрошувачките цени во САД во јули се зголемиле за 8,5 отсто, споредбено со истиот месец лани, помалку од очекуваното, што е знак дека инфлацијата се повлекува, се наведува во најновиот Индекс на потрошувачките цени (ЦПИ) на Бирото за работничка статистика на САД.

Во јуни инфлацијата изнесуваше 9,1 процент.

Најдобар показател за тоа е падот на цените на бензинот во јули, што го намали притисокот врз потрошувачката кошничка минатиот месец. Сепак, порастот на вкупните цени забавил само скромно, по четиридеценискиот максимум достигнат во јуни.

На месечна основа, цените биле непроменети од јуни до јули, што е најмал таков прираст повеќе од две години.

Работиме на тоа да ја запреме инфлацијата – изјави американскиот претседател Џо Бајден од Белата куќа, при потпишување на закон за здравствена заштита на ветераните.

Сепак, цените растат на широк опсег на стоки и услуги, оставајќи повеќето од Американците во незавидна ситуација.

Просечните плати растат побрзо споредено со нивниот раст во изминатите години, но не доволно брзо за да бидат во чекор со забрзаните трошоци.

Подобрениот ЦПИ индекс ги покачи цените на акциите на главните берзи во САД.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.