Војната во Израел влезе во петтиот ден, а од час во час има доаѓаат информации за зголемениот број на жртви и теророт кој Хамас го врши врз израелското население.

Во морето сведоштва на Инстаграм, се појави и шокантна снимка од Израелката Мор Радми, која низ солзи го опишува ужасот што го доживеала нејзина пријателка.

Добивам пораки од многу луѓе, но една порака што ја добив е навистина страшна“, изјави Мор пред камерата.

Таа вели дека пораката дошла од една многу добра пријателка, чиј син бил киднапиран во саботата на фестивал што се одржуваше недалеку од границата со Газа.

Таа доби видео од терористите како ги убиваат нејзиниот син и неговата девојка“, вели жената додека ги задушува солзите.

Таа објаснува дека убијците го снимиле злосторството на телефонот на убиениот млад човек и потоа сè и препраќале на неговата мајка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mor Radmy (@morradmy)

Нападите на Хамас врз Израел почна во мугрите на 7 октомври, а меѓу првите жртви беа посетителите на фестивалот што се одржуваше недалеку од границата. Имаше илјадници луѓе на фестивалот кога Хамас отвори оган и почна да убива невини цивили.

Израелските организации тврдат дека на фестивалот загинале најмалку 250 луѓе.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.