На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како германскиот канцелар Олаф Шолц беше извиркан од присутните граѓани за време на говор во Есен.

„Изгуби се од тука!“, „Лажго!“ и „Шолц мора да оди“ – се пораките што група граѓани, незадоволни од серијата поскапувања како резултат на санкциите против Русија, ги упатуваа кон германскиот канцелар.

Годишната инфлација во Германија во март достигна рекордни 7,3 отсто.

Поради кризата во Украина и стравот од недостиг на основните производи, многу граѓани почнаа да ги празнат полиците со сончогледово масло и брашно во продавниците.

Така, со застојот во снабдувањето, германските трговци беа принудени да ја намалат продажбата на масло за јадење, во обид да спречат уште еден круг на складирање, со ограничување на продажбата на едно до две шишиња.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.