Авиокомпанијата „Иран Ер“ може да биде забранет во Европа доколку официјален Техеран испрати ракети во Русија.

Земјите од Г7 се подготвени да преземат нови тешки мерки кои би можеле да вклучат забрана за летови на „Иран Ер“ кон Европа доколку Иран продолжи да пренесува балистички ракети со краток дострел во Русија.

Доколку Иран продолжи да и доставува балистички ракети или сродни технологии на Русија, ние сме подготвени да одговориме брзо и на координиран начин, вклучувајќи нови и значајни мерки против Иран“, стои во соопштението на Г7.

Висок американски функционер, кој сакал да остане анонимен, изјавил дека една од опциите што ги разгледува Г7 „би вклучувал запирање на главниот ирански авиопревозник да лета ко Европа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.