Шест полицајци и агенти на обвинителството се убиени, а 12 други се ранети во координирана серија бомбашки напади покрај патишта во западно Мексико.

Официјалните лица тврдат дека станува збор за заседи поставена од нарко картел.

Гувернерот на државата Халиско, Енрике Алфаро, изјави дека стапицата во градот Тлајомулко била поставена кога анонимен јавувач известил за локацијата на наводните тајни гробишта. На терен веднаш биле испратени сили за да ја лоцираат спорната локација.

Додека полицискиот конвој минувал покрај местото на заседата, седум рачно поставени експлозивни направи, поставени на патот, експлодирале истовремено, пренесуваат британските медиуми.

Осмата направа не експлодирала.

Ова е брутален терористички напад, рече Алфаро на прес-конференција, обвинувајќи неименуван нарко картел.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.