Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор, обвини дел од најголемите американски медиуми како „Њујорк тајмс“, „Вашингтон пост“, „Фајненшл тајмс“ или „Волстрит Журнал“, дека работат во за интересите на одредени интересни групи и со таа цел се најголемите креатори на дезинформации и лажни вести за да ја манипулираат јавноста.

Се чувствувате како божествена каста, привилегирана. Вие сте најупорните доушници, поточно дезинформатори. Најупорните манипулатори. Поврзани сте со интересни групи создадени од хегемонистички влади. Мексико има слободи кои не постојат во САД. Ако продолжат вака, предлагам подобро да ја вратат Статуата на слободата во Франција или да ја испратат овде во Мексико бидејќи тука е слобода.

 

Она што најмногу им помага да го контролираат олигарсите, кои се сметаат себеси за господари на светот, е да доминираат во медиумите, дискредитирајќи ги националните лидери или оние кои се против хегемонијата. На крајот на краиштата, ова е враќање назад кон Гебелс, шефот на пропагандата на Хитлер, чија девиза беше дека лагата повторена многу пати може да стане вистина, вели Обрадор.

По ваквиот јавен настап на Обрадор, видеото од неговиот говор беше тргнат од Јутјуб со образложение дека „ги прекршувал правилата на социјалната мрежа“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.