Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер најави воведување гранични контроли на границата со Полска и Чешка, објавија германски медиуми.
Мислам дека сега треба да бидеме прагматични и да воведеме стационарни гранични контроли и на границите со Полска и Чешка“, рече германската министерка за внатрешни работи Ненси Фазер во интервју за весникот „Велт ам Зонтаг“.
Таа рече дека веќе има длабински контроли во пограничните области, кои ќе бидат надополнети со стационарни контроли на самата граница.
Истовремено, Фазер рече дека не треба да се очекува дека воведувањето постојани гранични контроли кон Полска и Чешка ќе го реши проблемот со илегалната миграција.
Ова е само еден од инструментите што треба да придонесат за намалување на бројот на бегалци кои доаѓаат во Германија, изјави германската министерка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.