Градежната индустрија во Германија веќе ги чувствува сериозните последици од војната во Украина, што се одразува во недостигот на потребни материјали, а градежниците ќе се најдат пред тешка задача да одлчат од кои проекти ќе мора да се откажат.

Испораките на важни производи како што се завртки и клинци повеќе нема да пристигнуваат во Германија поради санкциите – вели Тим Оливер Милер, генерален директор на Генералното здружение на германската градежна индустрија (HDB).

Оливер Милер вели дека не може со сигурност да се каже дали ќе има доволно материјал за сите градилишта во Германија, поради што не ја исклучува можноста за стопирање на изградбата за голем број проекти.

Треба да се прашаме кои проекти ќе треба да ги запреме, а без кои не можеме – нагласува Милер.

 

Градежната индустрија е веќе во контакт со одборите на големи клиенти како „Дојче Бан“ и А„вто Бан“.

Како што пренесува австрискиот „ОРФ“, друг проблем е поскапувањето на важните суровини како челикот, битуменот и алуминиумот.

Покрај тоа, големите рафинерии најавија дека на краток рок ќе мора значително да го намалат производството на битумен, кој итно е потребен за изградба на патишта. Во некои случаи, дури и испораките на завртки и шајки повеќе не пристигнуваат во Германија поради санкциите – вели Милер.

Милер забележува дека во некои случаи цените се гарантирани само на час.

Поради тоа е невозможно сериозно да се пресметаат и да се поднесуваат понуди како досега – вели Милер.

Во постојните договори, пак, компаниите не можат да го вметнат поскапувањето и затоа се препуштени на дополнителни трошоци.

Бурбок: Треба да се задржи контактот со авторитарни режими

Германската министерка за надворешни работи, Аналена Бербок, предупреди дека војната во Украина ќе доведе до растечки недостиг и дека тоа може да доведе до дополнителни конфликти во „чувствителните“ земји.

При презентацијата на новата стратегија за национална безбедност, Бербок истакна дека Германија ќе треба да одржува контакт со авторитарните режими, дури и ако не ги споделува нивните вредности и да не молчи за прашања поради економски или енергетски интереси.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.