„Газпром“ ја прекина испораката на гас за соседна Летонија поради кршење на условите за повлекување гас, соопштија од руската компанија.

Овој потег уследи еден ден откако летонската енергетска компанија „Летонски Гас“ (Latvijas Gaze) соопшти дека за да купува гас од Русија ќе плаќа само во евра наместо во рубљи, како што бара Москва.

Русија веќе ја прекина испораката на гас за Полска, Бугарија, Финска, Холандија и Данска, кои одбија да плаќаат за гасот според наредбата на рускиот претседател Владимир Путин кој бара да отворат сметки во рубљи во руска банка како дел од новото решение за плаќање.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.