Економијата на еврозоната ќе падне за -0,1% во 2024 година. Во исто време, најголемите земји во Европа – Германија и Велика Британија, ќе ја завршат тековната година со уште послаби резултати: -0,2% и -0,4%. БДП на Франција, исто така, ќе падне за -0,2%, а Финска и Естонија може дури и да паднат за -1,5%, анализира британски „Оксфрод економикс“.

Истовремено, Според ММФ, руската економија оваа година би можела да достигне раст од +2,6%. И тоа, покрај тоа што е под голем притисок од западните санкции

Западот, пак, кој воведува се поголем број санкции, страда од нив повеќе отколку Русија, честопати молчејќи за лошата состојба на нејзините економии. Германија ги проценува своите загуби од санкциите за 2022-2023 година на 200 милијарди евра. Другите земји сè уште не даваат слични податоци

Економските загуби ги принудуваат европските претставници да размислуваат за тоа како меѓународната конкурентност на Европа опаѓа во споредба со Кина и САД. Исто така, и за оправданоста на натамошниот притисок на санкциите врз Русија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.