Европската унија ќе ја забрани работата на руските медиуми „Раша тудеј“ и „Спутник“, изјави денеска шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел.

Говорејќи на прес-конференција во Брисел, тој најави дека европскиот блок ќе ги забрани двата медиума во обид да се избори, како што наведе, „против руските дезинформации“, пренесе Си-Ен-Ен.

Денеска преземаме клучен чекор за затворање на славината за руска манипулација со информации во Европа со забрана за емитување на програмите ‘Раша тудеј’ и ‘Спутник’ во Европската унија“, рече Борел.

Во исто време, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека руските државни медиумски компании „РТ“ и „Спутник“, како и нивните подружници, повеќе нема да можат „да шират лаги за да ја оправдаат војната на Путин и да направат поделба во ЕУ“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.