Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, по седницата на турската Влада изрази уверување дека само официјална Анкара може да помогне да се постигне напредок во тековните преговори меѓу Русија и Украина.

Турција денес е единствената земја која може да ги држи двете страни во директен контакт и да обезбеди постигнување одреден напредок со зближување на спротивставените страни – изјави Ердоган по седницата на турската Влада.

Според Ердоган, Турција „длабоко ги чувствува последиците од руско-украинската криза, особено во однос на цените на храната и енергијата“.

Не можеме да го спречиме експоненцијалното поскапување на нафтата и природниот гас. Сериозно сме загрижени поради зголемените цени на суровините и материјалите што се користат во прехранбената индустрија – истакна Ердоган.

Претходно, рускиот претседател Владимир Путин изјави дека официјален Киев, отстапувајќи од договорите постигнати за време на истанбулската рунда преговори, повторно го довел во застој преговарачкиот процес со Русија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.