Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и порачал на шведската премиерка Магдалена Андерсон дека не забележал никакви конкретни потези кои би ја ублажиле загриженоста на Турција, во време кога Шведска се обидува да се приклучи на НАТО.

Во телефонскиот разговор со Андерсон, Ердоган побарал „обврзувачки ветувања“ од Шведска и „конкретна промена на однесувањето“ во пристапот на земјата кон тероризмот, соопшти кабинетот на турскиот претседател.

Шведска и Финска поднесоа апликации за членство во Алијансата во мај.

Турција досега ги блокираше нивните апликации, велејќи дека двете земји имаат премногу благ пристап до организации како што се Курдистанската работничка партија или ПКК.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.