Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска соопшти дека утре ќе има телефонски разговор со Финска за членството на земјата во НАТО.

– Денеска разговарав со холандскиот премиер. Утре ќе има разговори со Британија и Финска, изјави тој за новинарите.

Ердоган рече дека планира разговори и со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во блиска иднина.

– Ќе ја продолжиме нашата „телефонска дипломатија“ со членките на НАТО, но нашиот став за членството на Шведска и Финска е јасен, рече турскиот лидер.

Претходно Финска и Шведска на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг му ги доставија барањата за приклучување кон алијансата. Турција соопшти дека не може да им каже „да“ на тие земји за влез во НАТО поради нивниот пристап кон курдското прашање. Според Џејк Саливан, советник за национална безбедност на американскиот лидер, претседателот Џо Бајден не планира да контактира со турскиот колега Ердоган во оваа фаза во однос на загриженоста на Анкара за проширувањето на НАТО.

Извор: МИА


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.