Командантот на украинскиот полк Азов, Денис Прокопенко, се обрати до јавноста и рече дека во Азов добиле наредба да престанат да го бранат Мариупол и да ги спасат животите на борците.

Цивилите се евакуирани, а на тешко ранетите им беше укажана потребната помош, па беа евакуирани, за подоцна да бидат разменети и да пристигнат на територијата што ја контролира Украина, објасни украинскиот командант.

Прокопенко рече дека процесот на извлекување на телата на борците кои загинаа бранејќи го „Азовстал“ сè уште е во тек и дека се надева дека „во блиска иднина роднините на жртвите и државата Украина ќе можат чесно да ги погребаат своите војници“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.