Турција го поддржа членството на Финска и Шведска во НАТО, соопшти кабинетот на финскиот претседател Саули Ниинисто, а во меѓувреме истата изјава дојде и од НАТО.
Министрите за надворешни работи на Турција, Шведска и Финска, наводно, потпишале меморандум за проширување на НАТО со двете северноевропски земји и за укинување на блокадата од страна на Турција за нивниот пристап.
Постигнат е трипартитен договор, беше кажано во НАТО, чиј генерален секретар Јенс Столтенберг наскоро треба да открие повеќе детали.
Ваквиот развој на настаните доаѓа непосредно пред самитот на лидерите на НАТО во Мадрид.
Како што е познато, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган имаше голема резерва за членството на двете земји, обвинувајќи ги дека се рај за терористите, мислејќи на различните курдски политички актери кои дејствуваат таму. Стокхолм и Хелсинки изразија намера да влезат во НАТО по руската инвазија на Украина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.