Сиромаштија и очај доведоа до смртта на најмалку 50 мигранти кои беа пронајдени оставени во камион близу Сан Антонио, Тексас, изјави мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопес Обрадор. Во групата имало 22-ца Мексиканци, седуммина Гватемалци и две лица од Хондурас, додека националноста на останатите се утврдува.

Меѓу 12-те преживеани се и четири деца. Властите велат дека сите биле жешки на допир и страдале од топлотен удар и исцрпеност. Во камионот немало вода за пиење и клима-уред.

Ова се случува поради шверц и недостиг на контрола на границата, но и во внатрешноста на САД – кажа Обрадор.

Сан Антонио, оддалечен 250 километри од мексиканската граница, е главна транзитна маршрута за шверц на луѓе. Шверцерите често користат камиони за транспорт на мигранти, кои ги собираат на зафрлени места откако тие ќе ја преминат границата.

Ова е најголемата трагедија поврзана со шверц на мигранти во САД досега. На самото место се пронајдени 46 тела, а уште четири лица починале во болница.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.