Цените на лебот, тестенините и месото растат во Италија, која увезува голем дел од пченицата од Источна Европа и 80 отсто од сончогледовото масло од Украина, како и големи количини пченка за добиточна храна.

Во градовите од Болоња, преку Бари до Тренто, цената на лебот за килограм надминува шест евра, додека во Милано достигна осум евра.

За споредба, цената на лебот во Милано во ноември изнесувала 4,25 евра, покажуваат податоците на националната земјоделска трговска организација Колдирети, објави Еуроњуз.

Најевтин град е Неапол, каде максималната цена за килограм леб остана две евра.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.