Сопругата на претседателот на Соединетите држави, Џил Бајден, се извини во вторникот поради тоа што несреќно ги спореди Латиноамериканците со такоси.

Првата дама се извинува, со својата изјава само сакаше да изрази восхит и искрена љубов кон латино заедницата, објави на твитер нејзиниот портпарол Мајкл ЛаРоза.

Во говорот кој во понеделникот го одржа во сојузната држава Тексас, сопругата на претседателот Џо Бајден ја пофали „шареноликоста“ на американското население по потекло од земјите од Латинска Америка, велејќи дека „шаренолико како и малите продавници во Бронкс, убаво како цвеќето во Мајами и единствено како такосите за појадок во Сан Антониот“.

Освен споредбата со такоси, мали палачинки од пченкарно брашно типични за мексиканската кујна, што веднаш наиде на критики, Џил Бајден погрешно го изговорила терминот „bodegas“ (мали продавнички).

Ние не сме такоси. Не нѐ сведувајте на стереотипи, реагираше Националното здружение на латиноамериканските новинари со седиште во Вашингтон.

Многумина конзервативни пратеници ја критикуваа „првата дама“, оценувајќи, додека неолибералните медиуми наклонети на демократите жестоко се нафрлија на републиканците дека таквата невнимателност наводно дошла „од нивните редови“.

Џил Бајден со посетата на Тексас сакаше да ги привлече латиноамериканските гласачи, кои инаку традиционално гласаат за Демократската партија на нејзиниот сопруг, во кампањата за ноемвриските избори на половина од мандатот. Според анкетите и предвидувањата на аналитичарите, опозициските републиканци имаат шанса за голем успех на тие избори, што може да ги компликува остварувањата на главните ветувања и политики на претседателот Џо Бајден.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.