Две ракети биле истрелани од Појасот Газа кон Израел, само неколку часа по завршувањето на посетата на американскиот претседател Џо Бајден на земјата, објавија странските агенции, повикувајќи се на израелската армија.

Засега ниту една палестинска група не ја презеде одговорноста за нападот.

Ракетите биле истрелани кон јужен Израел. Едната бил пресретната од израелската противвоздушна одбрана, а другата паднала во напуштена област.

Гранатирањето ги активирало сирените за воздушна одбрана во крајбрежниот израелски град Ашкелон, 13 километри северно од Појасот Газа и околните области.

Џо Бајден пристигна во средата во прва посета на Израел откако стана претседател на САД. Тој го посети окупираниот Западен Брег на реката Јордан на средба со палестинскиот претседател Махмуд Абас, по што отпатува за Саудиска Арабија.

Израел обично го обвинува палестинското исламистичко движење Хамас, кое го контролира Појасот Газа, за напади од енклавата, без разлика кој е сторителот.

Хамас го отфрли изразеното сочувство на американскиот претседател кон палестинскиот народ. Движењето, кое не го признава Израел, ги нарече САД „партнер во агресијата против нивниот народ“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.