Меѓународниот терминал на аеродромот во Сан Франциско е евакуиран откако полицијата пронашла сомнителен предмет на аеродромот по закана за бомба.

Полицијата во Сан Франциско објави дека полицајците добиле закана за бомба на аеродромот и во текот на истрагата пронашле сомнителен пакет.

Поради тековните полициски активности, меѓународниот терминал се евакуира – објави аеродромот околу полноќ на Твитер.

Аеродромот соопшти дека по заканата за бомба ја прекинале и услугата за брз транзит на „AirTrain“ и „Bay Area“.

До утринава, предупредувањето е отстрането и сообраќајот на аеродормот продолжи да функционира.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.