Две лица загинале, а едно е тешко повредено во напад со ножво градот Лудвигсхафен во западна Германија, соопшти портпаролот на полицијата во покраината Рајнланд-Пфалц. Се верува дека има повеќе жртви.
Осомничениот сторител бил ранет во пресметка со полицијата.
Мотивите за нападот се уште се нејасни, а по напаѓачот се води опсежна истрага, додаде портпаролот.
Областа каде се случи нападот е опколена од полицијата, јавува Дојче веле.
Нема непосредна опасност за јавноста. Во моментов собираме веродостојни информации и навремено ќе известуваме за моменталната состојба на истрагите – изјави портпаролот на полицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.